Во среда, Вардар ја отвара новата сезона во Лигата на Шампионите. Актуелниот Шампион на Европа гостува во Белорусија кај екипата на Брест Мешков. Познат противник за црвено-црните, со кој многу пати ги имаме одмерено силите во ЛШ и СЕХА.. Вардар оваа сезона ќе настапи со значително променет состав, а едно од новите засилувања, Марко Вујин ги изнесе очекувањата за првиот дуел во ЛШ.
„Одработивме едни квалитетни подготовки, ова е една сосема нова екипа. Имавме некои потешкотии со воиграноста, но работите одат на подобро од ден во ден и очекувам добра партија во Брест. Мешков е сериозна екипа со искуство, во Лигата на шампионите нема лесни ривали, па така, ако одиграме добра одбрана и напад и секако со добра полуконтра и контра можеме да се надеваме на позитивен резултат.
Натпреварот во среда ќе се одигра во терминот од 16:45 часот.