Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Апсурдна е одлуката на ЕХФ, многу ретко фаворитите во групната фаза успеале да се пласираат во Келн
Вујовиќ: Апсурдна е одлуката на ЕХФ, многу ретко фаворитите во групната фаза успеале да се пласираат во Келн

Вујовиќ: Апсурдна е одлуката на ЕХФ, многу ретко фаворитите во групната фаза успеале да се пласираат во Келн

Поранешниот тренер на Вардар и миленикот на вардаровите играчи, се огласи после одлуката на ЕХФ, на завршниот турнир во Келн да играат екипите кои завршија на првите две места во најсилните групи. Поради пандемијата со корона вирусот се откажуваат 1/8 и 1/4 финалните мечеви, па така екипите без борба ќе мораат да се откажат од желбата да играат на Ф4 турнирот во Келн. Веселин Вујовиќ истакна дека се работи за непромислена одлука на ЕХФ, без можност на екипите да можат да упатат жалба на истата.

-Историјата досега покажала дека речиси никогаш првопласираните екипи во групите не стигнувале на завршниот турнир и дека секогаш постоеле изненадувања. Апсурдна е одлуката на ЕХФ, со оглед дека многу од играчите на крајот од оваа сезона ќе ги сменат клубовите. Така на пример, Сагосен кој се избори со тимот на ПСЖ за првото место во групата, на завршниот турнир ќе игра за екипата на Кил, што не е нормално. И претходно напоменав дека очекувам некоја слична глупа одлука од страна на ЕХФ. Се работи за решение, без право на жалба од страна на екипите, истакна Вујовиќ.