После шест сезони поминати во Вардар, Данилл Шишкарев во новата сезона се сели во екипата на Веспрем. Руското десно крило успеа да освои голем број на трофеи со Вардар, а најголеми беа оние од Лигата на Шампионите, кога во два наврати успеа да стане Европски Шампион. Оваа сезона ќе нема можност да игра со Вардар на Ф4 во Келн, но постои прилика со својот нов клуб да се бори и за третата Европска круна. Со оглед дека Веспрем е една од екипите која ќе игра на завршниот турнир во Келн, кој на програмата е на 28 и 29.декември, Шишкарев може како нивни нов играч да биде дел од уште еден голем ракометен настан.
Шишкарев е тажен што ќе нема можност да се прости од вардаровата публика, истакнувајќи дека ЕХФ донел правилна одлука, што се однесува до патниците на Ф4 турнирот во Келн.
-Според мене, ЕХФ донесе разумна и мудра одлука, откажувајќи ги средбите од нокаут рундите, бидејќи здравјето е на прво место. Сепак, јас сум тажен што нема повеќе да заиграм за Вардар и да го почувствувам адреналинот од трибините на „Јане Сандански“. Сакав да ги завршам настапите во Скопје и да се простам од фановите на најубав можен начин, како што доликува, но се појави пандемијата со вирусот.