Она што сите навивачи на РК Вардар го посакуваат особено Комити е на праг да се оствари. РК Вардар многу веројатно во следната сезона ќе има старо-нов тренер на клупата. Веселин Вујовиќ се враќа во Скопје, информацијата ја објави српски „Мондо“, повикувајќи се на извори блиски до тимот од Бања Лука.
Ова до некаде е очекувана вест бидејќи сите ги знаат одличните релации на Вујовиќ Веселин и господинот Михајло Михајловски кој е на чело на црвено-црните. Факт кој ниту двајцата не го сокриваа во јавните изјави дадени во изминатиот период.
Покрај ова српскиот медиуми пишува дека во Вардар ќе пристигне и 18-годишниот, лев бек Милош Кос од Извиѓач. За легендарниот тренер ова трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар. Првпат тој беше на чело на клубот од 2006 -2009, а потоа во периодот 2011-2013 година кога ја прекина доминацијата на Металург.