Во просториите на Ракометната федерација на Македонија во текот на утрешниот ден ќе биде извршена ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Македонија во машка конкуренција. Познати се четирите учесници на Ф-4.
Ждребувањето ќе го очекуваат екипите на: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје. Кај дамите претходно веќе се одржа ждреб, познати се паровите во полуфиналето од Купот. ЖРК Вардар за ривал го има тимот на Чаир, додека во другата средба се сретнуваат екипите на Металург и Куманово.
На 14.мај ќе се одиграат полуфиналните натпревари во машкиот, додека наредниот ден актуелни ќе бидат и натпреварите од женскиот Куп во полуфиналето. Финалните натпревари во двете конкуренции ќе се одиграат на 16.мај.
Не е познат домаќинот на Ф-4 кој дополнително ќе биде одреди, но познато е дека во една иста сала ќе биде домаќин во двете конкуренции, машка и кај девојките.