Sunday ,12 July 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Не ја исклучувам можноста да се вратам во ВАРДАР!!
Вујовиќ: Не ја исклучувам можноста да се вратам во ВАРДАР!!

Вујовиќ: Не ја исклучувам можноста да се вратам во ВАРДАР!!

Некогашниот тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ, пред само неколку дена се раздели со екипата на ППД Загреб. По неговото заминување од Загреб, одма се дигна голема прашина околу негов кам-бек во редовите на Вардар. Да не заборавиме дека Вујовиќ и Михајловски имаат одличен однос од деновите минати во Вардар.

Вујовиќ во интервју за „Вијести“, не ја исклучува можноста да се врати во Вардар, но прво треба да ги среди приватните проблеми, вели стратегот.

„Не можев да бидам на две места во исто време. Им кажав на луѓето од клубот дека имам проблем во Шабац, кој не можам да го решам ако не сум таму. Имам приватен бизнис, кој ќе пропаднеше ако останев во Загреб“, рече  Вујовиќ за „Вијести“. 

„Тие гласини започнаа веднаш откако Михајловски го презеде клубот. Верувајте ми, заминувањето од Загреб не е трик за преземање на ВАРДАР. Сепак, јас не ја исклучувам можноста да се вратам во редовите на ВАРДАР, но прво треба да ги средам приватните проблеми“, додаде  Вујовиќ.