Денес, Вардар го игра реваншот кај Загреб, натпревар од 1/4-финалето во СЕХА регионалната лига. Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, за натпреварот кој ќе се игра денес во 20-00 часот, а на кој ние носиме предност од Јане Сандански од 4.гола (24-20) вели:
Дефинитивно не очекува тежок натпревар. Ќе мораме да одиграме многу добро, Ако одиме д абранме 4 гола, нема да поминеме. Па и ако не играме добро, можеби ќе загубиме со 1, Ако калкулираме со времето и семафорот нема да минеме. Во СЕХА лигата сите имаат шанса да стигнат до Ф4. Сакам Вардар да остане како единствен тим кој настапил на сите Ф4 турнири. Pокажавме дека играме одличен ракомет со многу контакти. Многу фактори ќе решаваат. Шансите се на наша страна, мислам дека ќе постигнеме повеќе од 21 гол, што би значело дека Загреб ќе мора да победи со најмалку пет гола. Мислам дека е во наша корист што ќе има навивачи на трибините- вели Вујовиќ.