Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Вардар е фаворит во дуелот со ППД Загреб и може секого да победи во ЛШ

Вујовиќ: Вардар е фаворит во дуелот со ППД Загреб и може секого да победи во ЛШ

Од петок до недела во градот Брест ќе се одигра завршниот турнир во СЕХА-лигата. Вардар, Веспрем, Загреб и Брест Мешков ќе се борат за трофејот во оваа натпреварувачка сезона. Полуфиналните двојки се играат во петок, а нив ги сочинуваат Вардар- ППД Загреб и Веспрем-Брест Мешков. Во пресрет на завршните натпревари свое видување за СЕХА- магазинот даде поранешниот тренер на Вардар и моментален селектор на репрезентацијата на Словенија, Веселин Вујовиќ. Тој истакна дека црвено-црните се фаворити во дуелот со Загреб, но дека очекува неизвесен меч.

-Првото полуфинале е меѓу Вардар и Загреб. Двата тима се добри, досега играат во ЛШ и во СЕХА-лигата. Резултатот е 1-1 и во двете натпреварувања. Ќе биде интересно да се гледа тој натпревар. Вардар ја има фаворитската улога, но Загреб може да изненади. Имаат сила да го победат македонскиот тим. Второто полуфинале е Веспрем – Мешков Брест. Очекувам доста отворен натпревар. Мешков покажа дека може да победи големи имиња, а Веспрем не делуваат добро кога играат надвор од дома. Како и да е, се надевам на добар ракомет, победникот само се пишува, а сите останати работи се паметат.

Вујовиќ смета дека главни фаворити за својување на ЛШ се ПСЖ и Барселона, но верува дека Вардар може секого да изненади.

-Главни фаворити од моја гледна точка се ПСЖ и Барселона. Но, верувам дека Веспрем и Вардар може да го изненадат секого. Се надевам дека ќе успеат во тоа. Сакам некогаш да излезам лош аналитичар.