Tuesday ,08 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Ова е срамота, не ни дозволија да го повториме тестот на Борко
Вујовиќ: Ова е срамота, не ни дозволија да го повториме тестот на Борко

Вујовиќ: Ова е срамота, не ни дозволија да го повториме тестот на Борко

После „кражбата“ што ја направија челните луѓе на СЕХА-лигата, откако не му дозволија на Вардар да се појави во Задар и да игра на завршниот турнир, со реакција се јави тренерот Веселин Вујовиќ, кој вели дека ова е голема срамота.

„Каква срамота. Тие велат дека само Борко е позитивен додека за други седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцината, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но тие не ни го овозможија тоа. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но не ни дозволија, истакна Вујо.

Вардар требаше утре да го одигра полуфиналниот натпревар против Брест Мешков, но на наше место ќе игра екипата на Загреб, која ја елиминиравме во 1/4 финалето.