Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > КРАЖБА !! Вардар нема да игра на Ф4 во Задар, поради позитивен играч на Ковид
КРАЖБА !! Вардар нема да игра на Ф4 во Задар, поради позитивен играч на Ковид

КРАЖБА !! Вардар нема да игра на Ф4 во Задар, поради позитивен играч на Ковид

Чудно, но вистинито, Вардар нема за прв пат во историјата на СЕХА-лигата да игра на завршните турнири.

Вардар на спортски начин го елиминираше тимот на ППД Загреб, во рамките на 1/4 финалето, но и официјално Вардар нема да има можност да се бори за трофејот.

Поради позитивен случај на Корона вирусот кај еден од нашите ракометари, извршниот комитет на СЕХА го исфрли Вардар од завршниот турнир и на негово место ќе игра екипата на ППД Загреб.

Како што известија од челните луѓе на СЕХА, ги следеле протоколите за Хрватска, а истите не дозволувале влез на вардаровата експедиција во Задар.

Ова е сигурно најголемата „кражба“ во историјата на ракометот и спортот, но Вардар сепак нема да се појави во Задар, на полу-финалето против Брест Мешков и ќе се врати во Скопје.