Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар испиша нова историја во СЕХА, стана единствен тим со десет последователни учества на Ф4 турнирите
Вардар испиша нова историја во СЕХА, стана единствен тим со десет последователни учества на Ф4 турнирите

Вардар испиша нова историја во СЕХА, стана единствен тим со десет последователни учества на Ф4 турнирите

Вардар испиша нова историја во СЕХА-лигата, откако стана единствениот тим со десет последователни учества на завршните турнири во ова натпреварување.

До вчерашниот реванш во Хрватска и екипата на Загреб беше постојан учесник на Ф4 турнирите, но откако беше елиминирана од Вардар, го загуби тој примат.

Вардар е најтрофеен тим во СЕХА-лигата со вкупно пет трофеи, додека само еднаш не успеал да се пласира во финалето. Во петок ќе се бориме за ново финале, против екипата на Брест Мешков.