Вардар 1961 забележа поразот од ППД Загреб (25-22), но со овој резултат обезбеди Ф4-турнирот во СЕХА-лигата, Свое видување за дуелот даде бекот Анте Кудуз:
Ова беше комплетно различен натпревар од оној во Скопје. Загреб играше за да победи, но ние успеавме да ги оттргнеме од нивната намера. Во неколку наврати тие беа блиску да си ја остварат зацртаната цел, ама Вардар покажа карактер, тимски дух и патува на завршниот турнир во СЕХА- изјави Кудуз.