Одлична утринска вест ни пристигнува од ракометниот клуб Вардар. Вуко Борозан и Вардар се договорија за продолжување на соработката и во наредните четири сезони. РепрезентатИвецот на Црна Гора пристигна на почетокот на оаа сезона од екипата на Либек и веднаш се наметна во составот предводен од Раул Гонзалес и неговата игра. Нашиот бомбардер игра одлична сезона во црвено-црниот дрес, каде досега во лигата на шампионите има 41 постигнат гол. Добрите игри ги препозна и сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко кој му понуди нов договор на младиот и надежен Борозан.
-Задоволни сме што во своите редови ќе го имаме и во иднина Вуко Борозан, и неговите силни и прецизни шутеви. Тој одлично се снајде во клубот досега и очекуваме и во иднина да прикажува доби игри, и заедно да се радуваме на нови успеси, изјави Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар за официјалната страна на клубот.
Во вчерашната победа против Металург, Борозан учествуваше со шест постигнати голови. Вардар докажува дека и во следните сезони ќе гради тим кој постојано ќе ја напаѓа европската титула. Токму новиот потпис на Борозан значи задржување на главните играчи и за следната натпреварувачка сезона.