Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вуко Борозан сепак ќе биде дел од ЕП, селекторот на Црна Гора го објави конечниот список на кој се најде и Борозан
Вуко Борозан сепак ќе биде дел од ЕП, селекторот на Црна Гора го објави конечниот список на кој се најде и Борозан

Вуко Борозан сепак ќе биде дел од ЕП, селекторот на Црна Гора го објави конечниот список на кој се најде и Борозан

Вуко Борозан сепак ќе биде дел од Европското првенство, кое во периодот од 12-26-ти јануари следната година ќе се одигра во Хрватска. Селекторот на Црна Гора го објави конечниот список на ракометари на кои ќе смета за претстојното ЕП, на кој се најде и Борозан. Вуко имаше сообраќајна несреќа во која се здоби со повреди и првичните информации беа дека ќе биде надвор од терените околу три недели, односно дека ќе не може да тренира.

Сепак и ова не беше причина за селекторот Драган Ѓукиќ да го изостави својот најдобар ракометар во националната репрезентација. Тој смета дека Борозан ќе биде подготвен за предизвиците и дека ќе може да и помогне на Црна Гора на ова ЕП. Токму оваа селекција е еден од противниците на Македонија на споменатот ЕП во Хрватска. Се надеваме дека Борозан за брзо време ќе започне да тренира и дека ќе биде подготвен за настапи.