Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Сакаме да бидеме првиот клуб кој два пати по ред ја освоил Лигата на Шампионите
Чупиќ: Сакаме да бидеме првиот клуб кој два пати по ред ја освоил Лигата на Шампионите

Чупиќ: Сакаме да бидеме првиот клуб кој два пати по ред ја освоил Лигата на Шампионите

Играчот кој мнатата сезона дојде од Европски шампион успеа веќе во следната да го повтори истиот успех и да стане првиот играч кој успеал со две различни екипи во две години да ја освои Лигата на Шампионите. Секако дека знаете за кого станува збор, тоа е десното крило Иван Чупиќ кој го засили Вардар минатата сезона и веднаш успеа со црвено-црните да стане шампион на Европа. Се работи за играч со големо искуство, кое беше од големо значење и помош за клубот да го направи најголемиот успех во историјата на клубот. Во интервју за хрватскиот весник “Јутарњи“, Чупиќ вели дека зар може да има подобра сезона од претходната, кога Вардар успеа да освои дури четири трофеи и оној во супер-купот, тоа се пет во исте натпреварувања каде настапивме.

Што да кажам за оваа сезона, дека секогаш може подобро? Минатата сезона беше феноменална, такви достигнувања тешко се повторуваат. Единствено, штета е што сега не е готово, па да може да зборуваме нешто поконкретно на таа тема. Оваа сезона се уште немаме пораз и играме одлчино.

Компактноста, колективноста, напорната работа и труд се главните одлики кои го красат Европскиот шампион кој оваа полусезона ја заврши без пораз во СЕХА и Лигата на Шампионите.

-Играме одлично, се споивме како тим одамна, а сега сме неколку години заедно и тоа се чувствува на теренот. Се тренира многу, правиме доста анализа на противникот, на се сме подготвени, а победите ни носат самодоверба која ни ја олеснува работата.

Примарна цел на клубот е најпрво да се стигне до завршниот турнир, а секако пред тоа да се обезбеди првото место во најсилната група А, со кое ќе обезбедиме директен пласман во четврфиналето на ЛШ.

-Наша цел е првото или второто место, за оние клучни натпревари во ЛШ за пласман на завршниот турнир да ги играме на домашен терен. Мислам дека сме на добар пат тоа да го направиме. Сакаме да бидеме првиот клуб кој два пати по ред ја освоил Лигата на Шампионите.