Бекот на Вардар, Даинис Кристопанс пред два дена беше прогласен за најдобар ракометар во својата земја. Ова е петто последователно признание за Кристопанс во Летонија. “Џин„ ја игра својата втора сезона во дресот на Вардар. Минатата сезона успеа да постигне 54 голови во Лигата на Шампионите, додека оваа сезона во есенскиот дел има постигнато 38 погодоци. Во продолжение погледнете го изборот на најубавите голови на Кристопанс во есенскиот дел од ЕХФ Лигата на шампионите.
