Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Михаил Јорданоски: Мојата цел во иднина е да бидам добар фудбалер и да заиграм во првиот тим на Вардар
Михаил Јорданоски: Мојата цел во иднина е да бидам добар фудбалер и да заиграм во првиот тим на Вардар

Михаил Јорданоски: Мојата цел во иднина е да бидам добар фудбалер и да заиграм во првиот тим на Вардар

Генерацијата родени “2007„ година беше единствената од вардаровите која успеа со максимален број на бодови да го заврши есенскиот дел од сезоната во детската лига. Двете екипи кои ги предводи Чунга Лунга демонстрираа одличе фудбал и на 20 одиграни натпревари имаа исто толку победи. Дел од екипата на Вардар (2) е Михаил Јорданоски кој остави посебен впечаток во есенскиот дел од сезоната. Интересен играч кој ветува за во иднина. Еден од лидерите на својот тим, задоволжен за постигнување на голови, умешноста и офанзивните квалитети се негова главната одлика. Во следното интервју ќе ве запознаеме со Михаил Јорданоски.

49206545_2189826814401184_8649394965354381312_n

1. Дали фудбалот беше ваша прва желба, од каде произлезе интересот за овој спорт ?

-Фудбалот беше моја прва желба. Интересот за овој спорт е моето секојдневно играње фудбал. Самиот побарав да одам да тренирам фудбал.

2. Дали се сеќавате на првиот тренинг во Вардар, кој беше вашиот првиот тренер со кој имавте можност да ги учите почетоците во фудбалската игра ?

-Да се сеќавам тоа беше пролетта 2015. Почетоците во фудбалот имав можност да ги учам со тренерот Томче Трајановски.

3. Вашата генерација е единствена од вардаровите со максимален број на бодови во есенскиот дел. Како ја видовте изминатата полусезона и колку сте задоволни од прикажаните игри и остварените резултати ?

2911-660x330

-Изминатата полусезона имаше и полесни и потешки натпревари, но со добра тимска игра предводена од тренерот Горан Петрески успеавме есенскиот дел од сезоната да го завршиме со  максимален број на освоени бодови. Сигурно дека треба да бидеме задоволни од сработеното и постигнатиот успех во првата полусезона, но секогаш постои простор за напредок и подобра игра. Дававме максимум на секој меч со голема желба и мотив да излеземе како победници во дуелите со противниците. Мислам дека тоа не донесе донесе до врвот во двете групи и се надевам дека во исто темпо ќе продолжиме и во пролетниот дел од сезоната. 

4. Михаил вие сте еден од лидерите на вашиот тим во детската лига и сигурно еден од најдобрите стрелци во вашата генерација. На што се должи напредокот во вашата игра и дали очекувавте дека ќе бидете еден од предводниците на својот тим ?

-Напредокот на мојата игра во оваа сезона се должи на моите редовни и напорни тренинзи, благодарение на тренерот Горан Петрески. Очекувам во пролетниот дел да бидам уште подобар и уште повеќе да придонесувам за добрите резултати на мојата екипа. Задоволен сум од тоа како го одиграв есенскиот дел, важно е да играме колективно како тим, да прикажуваме допадлив фудбал во кој публиката ќе ужива и секако да победуваме.  Посветеноста кон овој спорт ме надополнува да со претходно споменатите работи да бидам подобар. 

2317

5. Колку често одите на стадион да гледате фудбал или гледате пред малите екрани, дали имате свој идол ?

-На стадион одам секогаш кога имам прилика, а пред малите екрани гледам речиси секој ден фудбал. Мои омилени екипа се Вардар и Барселона, додека мој идол е бразилецот Роналдињо. 

6. Колку е напорен овој спорт, дали имате време за сите обврски во текот на денот, како се снаоѓате да се организирате да ги извршувате училишните работи и фудбалот ?

-Овој спорт е напорен да се тренира, а големо задоволство да се игра. Секогаш треба добро да се организираме и така ќе имаме време за се. Посветувам внимание и на училиштето, но и ги исполнувам максимално одговорно и термините за тренинг, како и викенд настапите во детската лига. 

49267016_338784503632111_7425510842851917824_n

7. Со оглед дека сте речиси на почеток на играчката кариера, дали имате желба или цел која сакате да ја постигнете во иднина ?

-Имам цел што сакам да ја постигнам во иднина, а тоа е да бидам добар фудбалер, да играм во првиот тим на Вардар и потоа во некој од странските клубови.

8. Кои се очекувања за пролетниот дел од сезоната, дали верувавте дека можете да го одбраните трофејот во детската лига ?

-Во пролетниот дел нашата генерација ќе биде уште посилна и се разбира дека главната цел ни е да ја одбраниме титулата во детската лига. Секако дека нема да биде лесно, пред се кога ќе дојдат елиминациските мечеви и пред се завршниот турнир, кога нема изразити фаворити. Сепак ќе се трудиме и оваа сезона да бидеме шампиони на Македонија и да докажеме дека сме најдобри.

2015

9. Оваа сезона работите со нов тренер, што ќе кажете за Горан Петрески, колку тој ви помогна да бидете подобри ?

-Да се работи со тренерот Горан Петрески е големо задоволство, со неговите добри тренинзи ние стануваме се посилна и подобра генерација. Имаме напредок во нашата игра, тој секогаш не учи дека треба да го извадиме најдоброто од себе и дека треба да бидеме добри личности, само така еден може да се надеваме дека би биле и добри фудбалери.

10. Кои се вашите синоними за Вардар, на што ве асоцира името ?

-Кога ќе го слушнам името Вардар ме асоцира на најдобриот фудбалски клуб, на сите победи и дружби кои сум ги имал откако сум дел од него.

Звонко Ивановски