Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Поранешните вардарки, Лејно и Лекиќ во десетте најдобри играчи за 2018 година
(ВИДЕО) Поранешните вардарки, Лејно и Лекиќ во десетте најдобри играчи за 2018 година

(ВИДЕО) Поранешните вардарки, Лејно и Лекиќ во десетте најдобри играчи за 2018 година

Иако се минато, сепак две поранешни ракометарки на Вардар се најдоа во изборот на ЕХФ на најдобри десет играчи во 2018 година, во Лигата на Шампионите. Речиси половина од годината која полека изминува, членови на Вардар беа Андреа Лекиќ и Амандин Лејно, сепак и двете тргнаа по различен пат. Лејно потпиша за актуелниот шампион, тимот на Ѓер, додека Лекиќ кариерата ја продолжи во тимот на ЦСМ Букурешт. Токму овие две се најдоа во ТОП-10 најдобри играчи во 2018 година, кои заедно со Вардар играа во големото финале од Лигата на Шампионите, играчи кои оставија посебно обележје во црвено-црниот дрес.

Во друштвото на 10 најдобри играчи покрај Лекиќ и Лејно се најдоа уште и Јауковиќ ( Будуќност), Песоа ( Ростов-Дон), Грос ( Брест), Кристиансен ( Ѓер), Неагу ( ЦСМ Букурешт), Вихјарева ( Ростов), Офтеал ( Ѓер), Гилден ( Брест). Видеото со најдобрите десет ракометарки за 2018 година можете да го погледнете на линкот, ТУКА.