Арпад Штербик кој изминатите три сезони го бранеше голот на Вардар ќе конкурира за наградата Спортист на годината 2018 во изборот на АИПС (асоцијацијата на спортските новинари). Штербик во годината која изминува успеа по втор последователен пат со Вардар да се пласира на завршниот турнир во Келн, стана шампион во СЕХА-лигата и ги освои трофеите во домашните натпреварувања.
Исто така Штербик беше еден од најзаслужните за освоениот златен медал на Шпанија, на Европското првенство, кога беше принудно повикан на двата завршни меча, на кои Штербик со неговите одбрани во финалето ги “ззасени“ Швеѓаните. Негова конкуренција за признанието спортист на годината ќе бидат Луис Хамилтон, Новак Ѓоковиќ, Лука Модриќ, Стеф Кари и Леброн Џејмс и Роже Федерер.