Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Висла не напаѓа со триото Роча, Никчевиќ, и Житников
Висла не напаѓа со триото Роча, Никчевиќ, и Житников

Висла не напаѓа со триото Роча, Никчевиќ, и Житников

Познат е составот на Висла Плок за денешниот натпревар. Полскиот тим во составот го има најдобриот играч и стрелец португалецот Тиаго Роча, Роча досега има постигнато 57 погодоци за Висла. Висла ќе биде опасна и преку рускиот репрезентативец и долгогодишен член на Медведи Димитри Житников. Житников досега во ЛШ за екипата на Висла има постигнато 44 погодоци. За оваа тројка да ја комплетира секогаш незгодниот крилен играч на српската репрезентација и член на Висла Иван Никчевиќ. Никчевиќ игра и оваа сезона одлично во тимот на Висла, досега тој има постигнато 36 погодоци.

Но, во тимот на Висла има уште неколку одлични играчи, тука се и романскиот интернационалец Ракотеа, потоа Гионеа, па и шпанските играчи, голманот Коралес, потоа дефанзивецот Монторо, како и домашните играчи Дашек и Вишневски кои ни се нам добро познати лица.