Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор денес го пречекува „фенерџијата“, тимот на РК Струга
Вардар Јуниор денес го пречекува „фенерџијата“, тимот на  РК Струга

Вардар Јуниор денес го пречекува „фенерџијата“, тимот на РК Струга

Екипата на Вардар Јуниор во рамки на 13.коло ќе ја пречека екипата на РК Струга. Натпреварот ќе се игра денес (сабота. 30/11/2019) во Спортскиот центар “Јане Санднаски“.

Дуелот  со стружани е закажан со почеток во 19-00 часот. Екипата која ни е гостин е „фенерџија“ во лигата, тие досега во 12.кола успеаа да освојат само 4.бода. Тимот на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков има 11.бода повеќе, односно 15.бода на своето конто. Поради подобрата форма ние сме фаворит на поваа средба. На првиот дуел  сезоната дојдовме до минимална гостинска победа со 23:24,  истата беше прва за овој млад состав во новата сезона. На тој дуел Стефан Крстевски беше најефикасен во нашиот состав со 6 голови, додека крилото Чакалиќ Стефан постигна 5.