Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер направи операција, периодот на рехабилитација ќе трае 4-5 месеци
Дисингер направи операција, периодот на рехабилитација ќе трае 4-5 месеци

Дисингер направи операција, периодот на рехабилитација ќе трае 4-5 месеци

Нема крај на проблемите сезонава за Европскиот ракометен Шампион. Кристијан Дисингер е новиот во низата повредени играчи, кој нема да го видиме на теренот во следните 4-5 месеци, изјавија од клубот на вчерашната прес-конференција по повод натпреварот во Лигата на Шампионите против екипата на Веспрем.

Дисингер подолго време се мачи со повреда на коленото, поради која пропушти неколку натпревари сезонава во СЕХА и Лигата на Шампионите. Дисингер бил опериран по што му следи долга пауза на рехабилитација. Се очекува, германскиот интернационалец да биде подготвен за игра во елиминациската фаза од Лигата на Шампионите.

До крајот на годината во ЛШ, останува уште мечот против Веспрем, кој е на програмата утре во С.Ц. Јане Сандански. Вардар се доочува со проблеми поради отсуството и на Толедо и Горбок, а неизвесен е и настапот на Кристопанс, па повторно ќе мора да „експериментираме“ на бековските позиции.