Генерацијата 2009 на ФК Вардар ќе игра во полуфиналето на турнирот во Панаѓуриште. Утрово во четврт-финалето, момците на Игор Кралевски успеаа да ја победат екипата на Витоша Бистрица, со резултат 2:1.
Во еден борбен натпревар, со шанси на двете страни, на крајот нашите млади надежи обезбедија победа со резултат 2:1. Стрелци на головите за Вардар беа Васко Папалиски и Дарин Михајловски.
Денес го играме и полуфиналето на турнирот, противник е екипата на Минор Перник.