Денес во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје започна четвртата сезона во вардаровата Јуниор Лига. Кај момците родени во генерација 2008/2009 година се одигра еден натпревар. Во истиот тимот на РК Ангели Вардар беше поуспешен од екипата на РК Кисела Вода Вардар со резултат 1-6.
Кисела Вода поведе на почетокот со 0-1, по што Ангели со два последователни погодока го презема водството со 2-1. Момците од Кисела Вода се вратија во дуелот и ја вратија незивесноста кога изедначија на 3-3. Се играше борбен дуел со многу машка борба, дуели и жар. Тимот на Ангели подобро се снајде во втората половина од првиот период, кога постигна исто така три гола, но во својата мрежа дозволи само еден погодок. Па со резултат 6-4 и предност од два гола го однесе дуелот на одмор.
Вториот дел започна со добра игра на Ангели, тие отворија со почетни 3-0 па за кратко отидоа на плус пет позитива. По 5.минути игра поведоаа со 9-4 и најавија дека денес ќе дојдат до првите бодови во новата сезона. Следеше помалку ефикасне период во кој двата тима успеаа да одиграт рамноправно. Тие погодоја по два пати во противничката мрежа до крајот на мечот. Екипата на РК Ангели Вардар триумфираа со резултат 11-6 на оваа средба.