Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004„ испорача девет голови во мрежата на Скопје
ФК Вардар генер. “2004„ испорача девет голови во мрежата на Скопје

ФК Вардар генер. “2004„ испорача девет голови во мрежата на Скопје

Нова победа за генерацијата “2004“ на ФК Вардар, во рамките на регионалната-скопска лига. На теренот на Академијата, екипата на Вардар ги совлада врсниците од Скопје, убедливо со резултат од 9:1.

Тренерот Ѓорѓиески започна со следниве 11-сетмина: Сиљановски, Серафимов, Каровски (c), Попов, Анчевски, Хајдари, Стоимов, Богданоски, Ѓорѓиевски, Перковски, Стојановски.

Кристијан Ѓорѓиевски беше играчот кој му донесе предност на Вардар од 1:0 во 7.минута од мечот. Целосна доминација имаа нашите млади надежи на овој натпревар, што говори и самиот резултат. Со голот на Сандро Каровски во 17.минута, Вардар го зголеми резултатот на 2:0. Постојано се редеа шансите пред противничкиот гол, а црвено-црните искористија голем дел од создадените шанси. Само три минути подоцна, зголемивме и на 3:0 со погодокот на Димитар Стоимов. Во 23 минута, противничката екипа го постигна својот прв гол денес, кој на крајот се покажа и како единствен за тимот на Скопје. До крајот на првиот дел, или поточно во 28 минута, Вардар зголеми на 4:1 со вториот гол на Сандро Каровски, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во второто полувреме, прв кој ја затресе противничката мрежа беше нововлезениот Левент Ибраим во 43 минута, за предност на Вардар од 5:1. Во листата на стрелци се запиша уште еден нов играч кој влезе во игра, се работи за Бесар Гуџуфи, кој му донесе водство на Вардар од 6:1 во 45 минута. До крајот на мечот постигнавме уште три голови во мрежата на Скопје. Со нов погодок на Левент Ибраим, имавме предност од 7:1 во 46 минута. Хет-трик на денешниот дуел за Сандро Каровски, кој му донесе водство на својот тим од 8:1 во 59 минута, за конечните 9:1 во 61 минута да ги постави Талха Идризи.

Во игра на натпреварот влегоа сите играчи, кои мечот го започнаа од клупата. Тоа беа Ангелов, Павлески, Милошевски, Идризи, Дошев, Гуџуфи и Ибраим.