Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар со висока победа над РК Илинден ја завршија есенската полусезона
Кадетките на Вардар со висока победа над РК Илинден ја завршија есенската полусезона

Кадетките на Вардар со висока победа над РК Илинден ја завршија есенската полусезона

Денес во населбата Илинден-Скопје, кадетскиот тим на ЖРК Вардар гостуваше кај екипата на РК Илинден. Девојките на Платон и Папуџиева дојдоа до лесна победа со резултат 38-13 на оваа средба. Ова беше последно есенско коло во лигата, ние со победата останавме во топ-3 тимови кои на пролет ќе го напаѓаат насловот.

Отворивме со погодок на почетокот, а домаќинот успеа да ја врати резултатската симетрија со гол за 1-1. Тоа беше прв и последен пат тие да имаат активен резултат на оваа средба. Следеше одлична игра во одбраната која беше наградена со серија 0-4 за водство од 1-5. Во краток период девојките на РК Илинден успеаа да се носат со нашиот кадетски тим, на два наши гола тие одговорија со иста мерка за 3-7. До крајот нашиот тим одигра како “по ноти“, ги затвори сите приоди кон голот па ривалот успеа да погоди само два пати до паузата, апак ние ја “решетавме“ нивната мрежа дури 11 пати. На одмор заминавме со плус 12 позитива. На семафорот во салата “Гоце Делчев“ во населба Илинден стоеше  6-18 за нас за време на одморот.

44377824_10213052968341070_8449800280261787648_n

Вториот дел започна релативно рамноправно ние постигнавме четири гола, а домаќинот врати со три за наша предност од 9-22. Веднаш “испорачавме“ нова серија 1-8 со која поведовме со дури дваесет гола предност, 10-30. Се беше решено овде освен прашањето на бројот на погодоци со кој ние ќе дојдеме до нова победа во ова последно коло од кадетската лига за оваа есен. Успеавме до крајот да додадеме плус пет на предноста и триумфиравме со 25 гола повеќе. Ние запишавме нови бодови со резултат 13-38.

Прв стрелец кај нас беше Коловска Александра, дуелот Алекс го заврши со 8 гола,  додека пак три девојки дојдоа до бројката 5, станува збор за:  Борјана Коцева, Наталија Максимовска и Ива Ангеловска.