Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за ФК Вардар генер. “2007„ во дуелите со екипата на Кул
Две победи за ФК Вардар генер. “2007„ во дуелите со екипата на Кул

Две победи за ФК Вардар генер. “2007„ во дуелите со екипата на Кул

Генерацијата на ФК Вардар родени “2007„ година стигнаа до две победи, во денешното коло од детската лига, откако ги совладавме двете екипи на Кул.

Интересни натпревари проследивме денес на терените на ФФМ, кај оваа возрасна генерација, иако Кул не намачи, сепак двете победи на крајот останаа кај црвено-црните кои се предводени од „Чунга Лунга„.

Вардар (1) се сретна со тимот на Кул (1) кој го совлада со резултат од 5:2. Интересно на полувреме, младите вардарци имаа негатива од еден гол, екипата на Кул беше таа која стигна до предност од 0:1 на полувреме. Сепак сиот свој квалитет кој несомнено го поседува оваа шампионска генерација на Вардар дојде до израз во второто полувреме. Малку им требаше време на вардарци да го израмнат резултатот во овој дел од натпреварот, откако погоди Борјан Томовски за израмнување на 1:1. Со два последователни голови на Јулијан Битиќи, црвено-црните веќе имаа и водство од 3:1 и направија целосен резултатски пресврт. За момент екипата на Кул го намали резултатот на 3:2, но квалитетот Вардар го потврди со два нови голови во противничката мрежа, за на крајот да испадне оваа победа и поубедлива. Од белата точка со својот прв гол денес, Александар Грашески зголеми на 4:2, додека конечните 5:2 беа дело на Стефан Младеновски, за кој исто така ова беше прв гол на денешниот натпревар.

Интересен и до самиот крај неизвесен меч, одиграа и екипите на Вардар (2) и Кул (2). На овој дуел триумфиравме со резултат 4:3 и тоа интересно со погодоци во второто полувреме. По првото полувреме ниту една од мрежите не беше ззатресена, па на краток одмор се замина со почетните 0:0. Во овој дел од натпреварот, Вардар се закани преку Никола Јовановски, кој најпрво ја погоди пречката, а во следниот обид со силен удар шутираше покрај голот на Кул. За одбележување е ударот и на Битиќи и повторно на Јовановски, но резултатот остана непроменет. Во првиот дел на голот беше Даниел Исајловски кој имаше и неколку интервенции.

Во второто полувреме видовме дури седум голови, а на голот Јовица Спасовски го замени Исајловски. Токму со две одбрани започна овој дел од натпреарот, Спасовски спречи негатива на стартот од вториот дел. Сепак Кул успеа да постигне гол и прв да дојде во водство на овој натпревар од 0:1. Оваа негатива не ги обезхрабри нашите момци, кои тргнаа уште поофанзивно кон голот на Кул. Битиќи во три наврати се најде во прилика, но немавме среќа да го израмниме резултатот. Казната стигна на спротивната страна, кога Кул во контра напад постигна гол за водство од 0:2. Сепак Вардар бргу одговори и со својот прв гол денес, дело на Михаил Јорданоски го намали резултатот на 1:2. Гледавме голови  на двете страни, кога екипата на Кул зголеми на 1:3 се чинеше дека победата ќе им припадне на нив. Сепак не мислеа така и избраниците на “Чунга Лунга„ кои само за пет минути направија магичен пресврт. Со првиот гол на Лео Манчев, црвено-црните намалија на 2:3, а во последните три минути два гола постигна и Јулијан Битиќи, кој ги постави конечните 4:3 за Вардар на овој интересен натпревар од детската лига.