Во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје, денес започна четврттата сезона во вардаровата Јуниор Лига. На програмата денес беа шест меча, во генерација родени 2006/2007 се одигра еден машки и еден женски натпревар, во продолжение извештаии од истите.
Кај дамите во оваа генерација се сретнаа екипите на РК Ново Лисиче и тимот на РК Драчево Вардар, до победа дојде тимот на РК Драчево со резултат 3-5. Првиот дел беше далеку поефикасен дел од натпреварот, најпрвин со два гола драчевчанки отворија за почетни 0-2. Ново Лисиче Вардар успеаа да изедначи на 2-2 пред почетокот на финишот на првото полувреме. Со по еден гол двата тима го однесоа овој натпревар на пауза со резултат 3-3.
Вториот дел беше неефикасен видовме само два гола во истиот. Двата тима одиграа борбено, цврсто во одбраните во овој период. Сепак имаше и доста технички грешки кои се сосема нормални во вакви дуели на млади тимови кои штотуку започнуваат со ракометната игра. Со два гола тимот на РК Драчево дојде до победа со 5-3.
Кај момците се одигра еден крајно динамичен дуел, со многу голови вкупно 24 на број. РК Будимир Вардар со пресврт триумфираше над екипата на РК Ангели Вардар со резултат 13-11. Први со погодок натпреварот го отворија Ангели, тие потоа водеа и со 1-3. Се играше потоа игра гол за гол по што двата тима со два гола дојдоа до резултат 3-5. Во последниот напад РК Будимир намали на 4-5 и најави подобра игра во вториот дел.
Вториот дел беше многу динамичен, со голем број на голови и убави акции кои ги приредија момците на двата тима. Во првиот напад момците на РК Будимир изедначија на 5-5, а потоа постојано беше реми: 6-6, 7-7, 8-8 и на крајот 9-9. Дуелот се “скрши“ со серија 4-0, по одлична игра во одбраната РК Будимир Вардар повесе со 13-9. Нивниот ривал во финишот успеаа само да го ублажи поразот на 13-11.