Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре го пречекува РК Охрид 2013
Вардар Јуниор утре го пречекува РК Охрид 2013

Вардар Јуниор утре го пречекува РК Охрид 2013

Викендов на програмата во машката Супер лига за одигрување е 13.коло. Во истото младиот тим на Вардар Јуниор е домаќин на РК Охрид 2013. Натпреварот избраниците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков ќе го одиграат утре, 8.декември со почеток во 15-00 часот во “Јане Сандански“.

Вардарци на табелата се предпоследни со девет бода, нашиот противник досега има освоено 21.бод. На првиот  меч кој се одигра во СЦ “Билјанини Извори“ со истиот ривал бевме совладани со резултат 30-21. Ракометната правда утре ќе ја делат Начевски Виктор и Божиновски Даниело.