На 24.април, Европската ракометна федерација ќе заседава околу прашањето, кога ќе продолжи сезоната во Лигата на Шампионите.
Првичната одлука, беше, натпреварите од осминафиналето да се одиграат на почетокот на месец јуни, но сега оваа варијанта станува се повеќе невозможна, па дефинитивно за осум дека ќе се одлучи во кој правец ќе се доигра сезоната во ЛШ.
Пик Сегед е противникот на Вардар во осминафиналето на ЛШ, но дали овој двомеч и воопшто ќе се одигра останува да видиме. Неизвесно е како ќе се добие новиот владател на Европа, а се уште не е позната ниту судбината на Вардар за следната сезона.