Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За прв пат во СЕХА-лигата шанса во составот на Вардар ќе добијат играчите од Вардар Јуниор
За прв пат во СЕХА-лигата шанса во составот на Вардар ќе добијат играчите од Вардар Јуниор

За прв пат во СЕХА-лигата шанса во составот на Вардар ќе добијат играчите од Вардар Јуниор

После завршување на ЕХФ неделата, екипата на Вардар се враќа на настапите во СЕХА-лигата. Црвено-црните утре ќе гостуват во Белорусија, на екипата на Брест Мешков. Поради немањето доволно време да се комплетира тимот, поради обврските на играчите кои беа активни изминатиов период со своите репрезентации, од клубот се решија на утрешниот дуел да отпатуваат со резервен состав.

Шанса за прв пат ќе добијат играчите од составот на Вардар Јуниор, кој го предводи Стојан Петрушевски, кој исто така се натпреварува во Супер-лигата. Тука се најдобрите стрелци на екипата, Кукуловски и Крстевски, пикерот Атанасовски, десното крило, Мартин Димов, како и Гашовски. Покрај нив утре на теренот ќе ги виидме и младиот голман, Марко Кизиќ кој ќе биде во комбинација со Калифа Гедбан на голот на Вардар, како и Марко Мишевски кој исто така тренира со првиот тим на Вардар. Тука се и крилата Поповски и Недановски, како и средниот бек, Јана Војводиќ. Екипата од клупата ќе ја предводат Црвенковска и Петрушевски.

Мечот утре започнува од 16:15 часот со директен пренос на МРТ-1 и Арена Спорт 1.