Екипата на Фени Индустри ја запиша третата радост сезонава и на домашен терен со сигурни 99-78 (51-39) беше подобaр од КК Вардар.
Вардарци одиграа само две рамномерни четвртини што секако не беа доволни за позитивен резултат. По првиот дел нашиот тим имаше негатива од -12. Во третата четвртина домаќинот ја направи клучната разлика и отиде на плус 22. До крајот на дуелот Вардар успеа да намали само еден поен од негативата.
Одличен кај победникот беше Фундербург со 23 поени, Пајиќ даде 18, а Маер запиша 17 поени, додека кај вардарци прво име на поентерската листа беше американскиот кошаркар Провел со 26 поени, додека Радош додаде 22.
Во следното коло, Вардар е домаќин на Блокотехна.