Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Загреб го победи Вардар и го освои третото место
Загреб го победи Вардар и го освои третото место

Загреб го победи Вардар и го освои третото место

Во еден израмнет и борбен натпревар, на крајот Загреб беше поуспешен и успеа да го освои третото место на завршниот турнир на Сеха-лигата, што оваа сезона се одржи во Веспрем.

Вардар одлично го почна натпреварот, наметна едно брзо темпо на игра. Ние до десетата минута во континуитет имавме предност од два гола разлика. Загреб најпрво со голот на Брозовиќ успева да израмни, а потоа и да поведе со 5:7. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол на двете страни, па на пауза се замина со минимална предност на Хрватскиот шампион од 10:11. Во првото полувреме Англелов на голот забележа 6 успешни интервенции.

Вториот дел започна со голот на Марковиќ за израмнување. Ние набргу со двата гола во серија на Шишкарев успеваме да се одлепиме на 14:12. Следи тај-маут на Вујовиќ, по кој неговите избраници заигруваат подобро и прават серија од 0:3 за нова нивна минимална предност од еден гол. Пикерот Брозовиќ повторно го донесува својот тим до позитива од два гола. Стоилов возвраќа на спротивната страна за 18:18 во 46 минута од натпреварот. Филип Ивиќ е одличен на голот на Загреб овозможувајќи му на својот тим да се одлепи на плус три гола 20:23. Ова беше пресуден дел од мечот, каде до крај Загреб успеа да ја одржи оваа разлика и да забележи триумф, со резултат 23:26

Марковиќ постигна 5 гола, Шишкарев, Карачиќ и Стоилов по 4. Вардарци се враќаат во Скопје и сега сите мисли ќе ги насочи кон 1/4 дуел против екипата на Кјелце.