Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар без финале во Сеха-натпреварувањето
Вардар без финале во Сеха-натпреварувањето

Вардар без финале во Сеха-натпреварувањето

Екипата на Рк Вардар не успеа да обезбеди финале во четвртата сезона на Сеха-лигата. Брест Мешков беше подобар противник и успеа да забележи победа и пласман во големото финале.

Натпреварот беше израмнет се до десетата минута, кога Вардар успеваше да има предност од еден гол разлика. Во следните минути Мешков го врти резултатот во своја корист, каде успева да направи серија од 0:3 и да поведе со 6:9 во 15 минута. Единствената светла точка во првото полувреме, Прибак со својот четврт гол успева да намали на 10:11. Слабата игра во одбраната и лошата организација на нашиот тим им овозможи на Белорусите да направат нова серија на погодоци и да ја зголемуваат предноста. На полувреме заминаа со позитива од пет гола, 11:16 гласеше резултатот на семафарот. Нашите голмани имаа слабо издание во првите 30 минути, каде заедно имаа само две одбрани.

Вториот дел започна лошо за Вардаровите момци. Со двата гола на Шилович веќе Мешков има големо водство од 11:18. Следи подобра игра на избраниците на Гонзалес, со голот на Марковиќ повторно успеваме да намалиме на достижни 16:20. И со играч помалку со проектилот на Душебаев намалуваме на 20:23 во 46 минута од мечот. Со неговиот четврти погодок од исто толку обиди, Душебаев ги одржува нашите надежи за триумф. Следи тај-маут на Бабиќ, каде неговите избраници повторно се одлепуваат на плус четири гола. Следи одличен цепелин дело на Шишкарев и Лазаров. Божовиќ става крај на овој натпревар погодувајќи за 25:30. Конечниот резултат беше 28:32.

Најефикасни во нашите редови беа Прибак и Тоскиќ кои постигнаа по 5 гола. Мешков во финалето ќе игра со подобриот од мечот Веспрем-Загреб. Вардар ќе игра за утешното трето место.