Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Петар Тевдовски: Се надевам на пласман на фајнал-фор
Петар Тевдовски: Се надевам на пласман на фајнал-фор

Петар Тевдовски: Се надевам на пласман на фајнал-фор

Вториот дел од сезоната започнува и за пионерите на Рк Вардар, со натпревар против екипата на Велес на гостински терен. Натпреварот се игра утре со почеток од 12:00.

-Првиот натпревар од втората полусезона го играме против екипата на Велес. Очекувам победа на овој меч. Припремниот период помина одлично. Имавме многу тренинзи и пријателски натпревари на кои се воигрувавме. Се надеваме дека сите овие тренинзи и мечеви на крај ќе го покажат резултатот на нашата напорна работа.

По првиот дел од сезоната, избраниците на Горан Стојков имаа забележано три победи и два порази.

-Задоволен сум од првиот дел, иако секогаш сметам дека може подобро. Во вториот дел се надевам на многу победи и пласман на фајнал-форот, изјави членот на пионерите Петар Тевдовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски