Како да не ни значеше ова натпреварување…. така одигравме денеска во Унгарија против Брест Мешков во полуфиналето.
Никаква одбрана, слаба заинтересираност, многу примени погодоци, ова беа главните сегменти во играта на Вардар кој недостасуваа на овој натпревар.
Појдовме многу лошо по првиот дел, нападот можеше да добие преодна оценка, но одбраната…. беше катастрофа и во првиот и во вториот дел, голманите на Вардар немаа свој ден, ниту Милиќ, ниту Ангелов, додека пак Штербик не доби шанса.
Факт е дека во одраната на Вардар недостасуваше специјалистот за одбрана Абутовиќ, но недозволиво е така лесно противникот да постигне повеќе од 30 погодоци, против еден Вардар кој се наоѓа во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.
Се надеваме дека ова беше само лош ден, и мала поука за натпреварите во иднина, за важните дуели кој ни престојат до крајот на сезоната, во Лигата на Шампионите, и во домашното првенство.
Еден е Вардар!