Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ППД Загреб во победничка атмосфера ќе го дочека дуелот со Вардар
ППД Загреб во победничка атмосфера ќе го дочека дуелот со Вардар

ППД Загреб во победничка атмосфера ќе го дочека дуелот со Вардар

Екипата на ППД Загреб која е противник на Вардар во осминафиналето од Лигата на Шампионите, имаше успешна увертира пред првиот дуел со црвено-црните.

Загреб стигна и до втората победа во плеј-офот од домашното првенств, откако на гостински терен ја совлада екипата на Дубрава, со резултат 31:35. Самиот резултат говори за отпорот кој го пружи противникот но сепак шампионот на Хрватска не дозволи изненадување, стигнувајќи на тој начин до втората победа, откако во првото коло славеа на домашен терен во дуелот со Пореч (33:26). Најефикасен во триумфот против Дубрава беше капитенот Златко Хорват кој постигна седум голови, а Загреб настапи со својот најсилен состав.

Првиот осминафинален меч помеѓу Загреб и Вардар на програмата е во сабота, во вечерниот термин од 20:30 часот, истиот според ЕХФ е прогласен за меч на неделата во Лигата на Шампионите.