Голем ден за Вардаровото семејство, важни два натпревари ќе имаат денес Рк, и Жрк Вардар.
Загревајте дланките,спремете се, некој во Полска, некој пред малите екрани, но со една цел, поддршка за нашиот Вардар да дојде до што подобар резултат во Полска.
Како што е добро познато ракометарите на Вардар се веќе во Полска и вечерва од 20 часот и 45 минути го играат првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.
Вардар на овој меч нема да биде сам, ќе има поддршка од Комитите, најверните навивачи на Вардар.
Додека пак девојките играат исто така важен натпревар денеска во Сц. Јане Сандански од 19 часот. Со победа од 8 разлика Вардарки со сигурност ќе го освојат 3-то место во својата група, а можеби и 2-то, во зависност како ќе заврши другиот меч во Германија.
Дојдете да ги бодриме девојките во 19 часот.
Напред Вардар!