Ракометниот клуб Вардар за имателите на сезонски билети за нивните тимови, машкиот и женскиот излезе со информација во која се вели:
Ги информираме сите сопственици на електронски ваучери за сезонските билети за натпреварите на Вардар, во машка и женска конкуренција дека од денес (27 октомври 2017) почнува замената на на ваучерите со пластифицирани картички.
Замената ќе се врши во СЦ „Јане Сандански” веднаш до главниот влез во подтрибинскиот простор, секој ден во периодот од 27 октомври до 3 ноември во периодот од 10 до 18 часот.
Ве молиме да го запазите рокот во кој треба да биде завршена замената на ваучерите.