Црногорскиот репрезентативец Божо Анџелиќ (30) е новото засилување за Вардар во следната сезона. Тој игра на позиција на среден бек и во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.
Договорот со Анџелиќ е потпишан на 1 сезона со можност за продолжување на уште една доколку клубот биде задоволен од неговите игри. Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.
Анџелиќ е актуелен репрезентативец на Црна Гора и има повеќе од 60 настапи за репрезентацијата и над 100 постигнати гола. Беше дел од последните четири Европски првенства на неговата репрезентација, во 2016, 2018, 2020 и 2022 година. Настапи на последното ЕП во Унгарија каде за Црна Гора постигна 20 гола, најмногу против Македонија и против Исланд, по шест.
Во играчката кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена Звезда, Малме, Чеглед и Металург, а потоа замина во Ференцварош. Со Металург играше и во Д групата од ЕХФ лигата на шампионите и постигна вкупно 32 гола.