Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ЧЕСТИТКИ ! ПОМЛАДИТЕ ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА
ЧЕСТИТКИ ! ПОМЛАДИТЕ ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

ЧЕСТИТКИ ! ПОМЛАДИТЕ ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

Со победата против екипата на Пелистер (7:0), помладите пионери на ФК Вардар и официјално се Шампиони на Македонија, за играчи родени 2006 година.

Оваа генерација која на почетокот на сезоната ја превзема Саше Божиноски, а во пролетниот дел ја води Сашо Јанев, успеа да стане Шампион на Македонија во помладата Пионерска Супер Лига.

До крајот на сезоната остануваат да се одиграат уште три кола, но Вардар и Работнички едно коло се слободни, со оглед дека на програмата се натпревари против екипата на Еуроспорт Куманово, која на почетокот на сезоната се откажа од натпреварување.

После одигрување на 23.коло, Вардар е прв на табелата со 56 бодови, додека Работнички е на второто место со 50 бодови. Во случај и црвено-црните да ги загубат останатите два натпревари, а градскиот ривал да ги добие и да имаме еднаков број на бодови, Вардар ќе биде Шампион, со оглед дека е подобар во меѓусебните дуели ( триумфиравме и на двата натпревари сезонава со градскиот ривал).

Оваа генерација на Вардар до овој момент има скор од 18 победи, 2 нерешени резултати и 2 порази. Единствени натпревари на кои не освоивме бодови беа на гостувањата кај екипите на Шкупи и Македонија Ѓ.П

Помладите пионери ќе имаат можност да ја обединат двојната круна, со оглед дека се пласираа во големото финале на Купот, а последна пречка за трофејот ќе им биде екипата на Победа од Прилеп.

Честитки од нашата редакција за освоениот примат на помладите пионери, генерација која ја пратиме од нејзините почетоци во Детската Лига. Заедно поминавме многу убави моменти, бевме дел од нивните радости, успеси и освојување на трофеи. Од следната натпреварувачка сезона оваа екипа ќе биде дел од Пионерската Супер Лига, каде сигурни сме дека ќе го продолжат успешниот пат и ќе докажат дека се најдобрата екипа во Македонија.