Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Комити > Комитската песна и Вардар никогаш не застануваат!
Комитската песна и Вардар никогаш не застануваат!

Комитската песна и Вардар никогаш не застануваат!

Комитската песна и Вардар никогаш не застануваат!  Големиот великан на ракометот, Барселона тоа најдобро го има почуствувано на ,,своја кожа”,  а вчера дојде ред и на Еурофарм Пелистер.

Овој тим наречен Вардар има нешто посебно во него. Има изградено шампионски менталитет што не му го зима никој за векови.. Не само шампионски менталитет, туку и срце планина! Не може секоја екипата да се врати од голема негатива и да слави победа во последните секунди од еден дерби дуел, дуел за титула.

Капа долу до ракометарите на Вардар кои вчера беа главни ,,актери” на теренот, но мора да им симнеме капа и на навивачите на Вардар. ,,Комитите” уште еднаш покажаа дека се главниот двигател на тимот, па каква само атмосфера направија вчера и тоа на ,,неутрален” терен, во Кавадарци. Комитската песна не застана во ниту еден момент, па дури и кога тимот имаше веќе ,,загубен” натпревар. Мангупи се овие навивачи на Вардар. Имаат многу вакви дуели зад себе, а и навиваат за ракометен бренд со лавовски срца, тука да бидеме на чисто.

За крај, големата почит оди на адреса на Вардар и на ,,Комитите”.