Српскиот репрезентативец, Немања Зеленовиќ, е новиот играч кој се поврзува со преселба во редовите на РК Вардар, барем така пишува српскиот медиум „Моцарт Спорт“.
Зеленовиќ има искуство со играње во бундеслигата, а минатата сезона ја помина како играч на Гумерзбах, додека има настапувано и за екипите на Гепинген, како и актуелниот европски шампион, тимот на Магдебург.
Вардар е во потрага по нови ракометари, со цел да стане конкурентен за освојување на Шампионската титула во домашната Супер Лига, но тимот го очекуваат и квалификации за натпреварите во Европската Лига на ЕХФ.
Засега, Вардар го потврди само Стефан Петриќ, додека јапонецот Јасухира потврди дека доаѓа во Вардар.