Екипата на Вардар после пауза од две години повторно ќе биде дел од македонската прволигашка конкуренција, а вчера и официјално започнаа подготовките за новата сезона.
Голема бројка на навивачи ги следеа своите фудбалери кон помошното игралиште во Градски парк и им дадоа поддршка пред првиот тренинг. Атмосферата околу Националната арена беше фантастична, Комитите ги бодреа фудбалерите на Вардар, но и тие се придружија кон комитската песна.
Се запеа и по некоја македонска патриотска песна …