Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Момците на Зенга ги „запалија моторите“
(ФОТО) Момците на Зенга ги „запалија моторите“

(ФОТО) Момците на Зенга ги „запалија моторите“

Заврши зимската пауза за единствениот младински тим на РК Вардар 1961, момците од оваа недела повторно се во процес на подготовка. Тие под будното око на нивниот кормилар, Зоран Петковски-Зенга ги започнаа пролетните подготовки.

Вардарци ќе се подготвуваат за евентуален настап во првенството, поради ситуацијата, иако беа во тренажен процес цела есен воопшто не играа официјални мечеви бидејќи РФМ не ги започна лигите. Ниту една од лигите, пионерска, кадетска или младинска не се започнати. Останува ветувањето дека на пролет истите ќе имаат конечно свој почеток и забрзан распоред за одигрување.