Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Зоран Петковски: Задоволен сум од комплетната екипа – Дамјан Трајковски : Оваа победа ни ја подига самодовербата за следните натпревари.
Зоран Петковски: Задоволен сум од комплетната екипа – Дамјан Трајковски : Оваа победа ни ја подига самодовербата за следните натпревари.

Зоран Петковски: Задоволен сум од комплетната екипа – Дамјан Трајковски : Оваа победа ни ја подига самодовербата за следните натпревари.

Кадетите на Рк Вардар со победа го започнаа вториот дел од сезоната, и тоа против нивниот најголем ривал во првенството. Момците на популарниот “Зенга“ со цел плен се вратија од тешкото гостување во автокоманда, каде издвојуваа победа со резултат 18:21. Металург добро го започна натпреварот, но како одминуваше мечот, црвено-црните беа многу подобра екипа.До 40-та минута се водеше израмнета битка. Во втората половина на второто полувреме, Вардар направи серија од 0:6. На моменти имаа позитива и од пет гола, која на крај беше доволна да се забележи победа против големиот конкурент.

-Не би сакал никого да издвојам. Сите што настапија го оставија срцето на терен. Задоволен сум од залагањето на комплетната екипа. Жалам што не настапивме комплетни, сигурно победата ќе беше изразена со поголема разлика. 

Пред крајот на овој дуел, имаше мала немила сцена, која брзо беше расчистена. На крајот двете екипи спортски се поздравија.

-Црна точка остави малиот инцидент, на 10 секунди пред крајот каде беше вмешан и нашиот играч, Јагуриновски. Во иднина не смее да се дозволи такво однесување на ниеден наш играч. Вардар е бренд во секој поглед и недопустливо е таков однос. Имaме одлична атмосфера и систем каде веќе од натпревар во натпревар ,растеме, во секој поглед. Полека ама сигурно ја надминуваме оваа конкуренција. Она што ни фали се поголеми категории , ни изјави тренерот Петковски за нашиот сајт.

Најефикасни во нашиот табор беа Александар Мирчев со 7 и  Стефан Апостоловски со 4 гола. Се истакна и голманот Илија Трпевски кој забележа 15 успешни интервенции. Нивниот капитен и организаторот на играта, Дамјан Трајковски ги сподели своите впечатоци од овој дерби натпревар.

-Како и секоја утакмица со Металург, така и оваа беше тешка, неизвесна и полна со ракометна убавина. Ние подолго време се спремавме за овој натпревар, како физички така и психички. Знаевме дека ќе играме под притисок од публика и од други фактори.

-На почетокот тој притисок направи да имаме повеќе технички грешки. Како одминуваше натпреварот така имавме поголема самодоверба, на крај дојде до израз нашата мотивираност, борбеност, тактичка поставеност од тренерот и заслужено победивме. Оваа победа е голема бидејќи е на гостински терен кај најголемиот ривал. Многу ни значи на цела екипа, затоа што ни ја крева самодовербата за следните натпревари, изјави капитенот Трајковски за Вардарфанс.

Звонко Ивановски