Со победа започна вториот дел од сезоната за кадетите на Рк Вардар. Оваа победа е послатка бидејќи е издвојувана против екипата на Металург, во автокоманда. Во еден тежок натпревар, и во поголем дел изедначен, сепак избраниците на Зоран Петковски беа подобра екипа. На крајот сосема заслужено забележаа победа со резултат од 18:21.
Најефикасен во редовите на Вардар, беше крилото Александар Мирчев, кој успеа да постигне 7 гола.
-Најпрво сакам да им честитам на моите соиграчи за одлично одиграниот меч, а исто така и на нашиот тренер Петковски, кој на наколку пати не смируваше и бодреше во текот на мечот. Задоволен сум од тоа како одигравме, тоа го покажува и самиот резултат, но тука не завршува ништо, сепак ова е само почеток на оваа полусезона. Јас секако го дадов максимумот на денешниот натпревар , но сепак секогаш може и подобро.За инцидентот несакам да зборувам многу бидејќи очигледно секој поразот го доживува на различен начин ,изјави Александар Мирчев за нашиот сајт
Звонко Ивановски