Продолжува победничата серија за избраниците на Раул Гонзалес. Овој пат нивна “жртва“ беше Словачкиот шампион-Татран Прешов.
Натпреварот започна лошо за нашата екипа. Татран поведе со 6:0, а ние првиот гол го постигнуваме во 8 минута, преку Тимур Дибиров. Како течеше натпреварот, така полека се враќавме во истиот. Од минута во минута се приближувавме до резултатот на домаќинот. Руските интернационалци во дресот на Вардар, постигнуваат четири гола во серија , па во 26 минута го израмнуваме резултатот на 10:10. Ангелов започна на голот кој одлично бранеше, и по првиот дел имаше 8 одбрани. На полувреме се замина со резултат 12:12.
Во второто полувреме гледаме поинакво издание на нашите момци. Марковиќ на самиот старт постигнува погодок за наше прво водство на овој меч од 12:13. Горбок повторно стапува на сцена, за да покаже дека се наоѓа во одлична форма. Игор Карачиќ кој одмараше на мечот со Раднички, влезе во игра во второто полувреме. Со неговиот погодок успеваме да зголемиме на 14:17. Крилото Марковиќ успешно ги користи минутите на теренот, влегува во серија на погодоци за зголемување на нашата предност на 15:20 в0 40 минута од натпреварот. Вардар продолжува се подобра да игра, многу поцврсто во одбраната, и поразновидно во нападот, не дозовлувајќи му на противникот да се доближи. Прибак го постигнува својот прв погодок, за најголемо водство во тие моменти од 19:25. Милиќ го бранеше второто полувреме и забележа 6 одбрани. На пет минути пред крајот, Татран се обиде да се врати во игра, но не им успеа. Вардар рутински го доведе овој меч кон својот крај, забележувајќи нова победа во ова натпреварување. Конечниот резултат гласеше 29:34
Марковиќ беше најефикасен постигнувајќи 7 гола. Го следеа Горбок со 6, Стоилов 5, и Шишкарев и Дибиров со 4 погодоци.