Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Феноменалната Суслина за многу важна победа на Вардар.
Феноменалната Суслина за многу важна победа на Вардар.

Феноменалната Суслина за многу важна победа на Вардар.

Жрк Вардар успеа да забележи победа на вечерашниот натпревар во С.Ц. Јане Сандански против екипата на Лајпциг, и се до утре да се најде на третото место на табелата.

Мечот започна со гол за гостинскиот тим. Но за брзо време успеваме да го преземеме водството. Николиќ погодува од седум метри за 3:1. Андреа Пенезиќ ја одржува предност од два гола во наша корист. Во наредните минути следи наша лоша игра, па не успеваме седум минути да постигнеме погодок. Противничкиот голман има одлична серија на одбрани, овозможувајќи му на својот тим да го израмни резултатот. Николиќ повторно стапува на сцена, за повторно да ја вратиме онаа најголема позитива од два гола, 9:7 во 25 минута. Во псоледните пет минути, Суслина успева да фати седмерец, а нејзината сонародничка Ихнева да зголеми на 10:7. Сепак германките на полувреме заминуваат со само еден гол негатива 10:9.

Второто полувреме со гол го отвара Алтхаус, а Суслина продолжува одлично да го брани нашиот гол. Радичевиќ стапува на сцена, со нејзиниот погодок доаѓаме до резултат 14:11. Суслина ја забележува својата 8 одбрана и ја одржуваа оваа предност за Вардар. Ихнева со својот трет гoл донесува водство од 16:14. Радичевиќ ја презема одговорноста за удар од 7 метри, погодува за повторно да имаме позитива од три гола. Феноменланата Суслина,со две одбрани по ред ја подигнува публиката на нозе, за во следниот напад Алтхаус да донесе најголема предност од 20:16. Продолжува голманското шоу на Суслина, која веќе собра 15 успешни интервенции. Николиќ ја потврдува својата одлична партија на овој меч, постигнувајќи го петиот гол. Конечниот резултат е 26:20. Со оваа победа Вардар сега има вкупно 7 бода,и се до утрешниот натпревар помеѓу Турингер-Крим ќе се најде на 3 место на табелата.

Алтхаус беше најефикасна со 6 гола.Николиќ и Ихнева постигнаа 5.