Кога играат Шалке и Дортмунд, Германскиот фудбал го носи епитетот Вечното Дерби. Па така и денеска се судрија најлутите ривали во Бундес-Лигата. Подршка за браќата од Уге стигна како и секогаш и од Скопје, повеќе од 30-тина Комити отпатуваа за Германија да им дадат подршка на Уге, и на Шалке 04 на овој важен дуел.
Како што може да забележите на фотографијата, дел од нашите навивачи направија фотографија во Гелзенкирхен пред тргнувањето накај стадионот Сигнал и Дуна-Парк.
Застави од Комити можеа да се забележат денеска на сите тв екрани, сепак за жал Шалке загуби, но навивачите на Шалке, и нашите навивачи направија спектакл на трибините, со песна за гостинската екипа која ечеше 90 минути.
Ге – Ск !